Сообраќај
МВР: 34 санкционирани возачи на мотоцикли на подрачје на СВР Битола
05.07.2023 10:18
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 18.00 до 24.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 34 возачи. Од нив, 19 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возеле без возачка дозвола, три моторцикли биле нерегистрирани.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.
