Охрид
Пуштена во употреба за редовен сообраќај делницата од клучка „Петља“ до Подмоље
05.07.2023 10:54
Престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид- Струга.

Денеска од 11 часот, пред истекот на дадениот рок, за редовен сообраќај ќе биде пуштена во употреба делницата од магистралниот пат Охрид- Кичево, на потегот сообраќајна клучка „Петља“ до Подмоље која, поради градежни работи, од минатиот месец, беше затворена за сообраќај, соопштуваат од СВР Охрид.
Со тоа престанува да важи задолжителниот времен режим за сообраќај и задолжителното пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид- Струга.
Апелираме до возачите на внимателно управување со своите моторни возила и прилагодување на брзината спрема состојбите и условите на патот, соопштуваат од СВР Охрид.
