Деаноски за МРТ: Револтот на вработените во судската администрација сè повеќе расте, потребно е решение
Револтот кај вработените во судската администрација е голем особено по одлуката на Уставниот суд со која платите на избраните и именуваните лица се зголемени за 78 проценти, а судските работници повеќе месеци не добиле додатоци од 35 отсто на платата...
Незадоволство утрово изразија вработените во судската администрација. Бараат исплата на додатоци за плата и зголемување на платите. Револтот кај вработените во судската администрација е голем особено по одлуката на Уставниот суд со која платите на избраните и именуваните лица се зголемени за 78 проценти, а судските работници повеќе месеци не добиле додатоци од 35 отсто на платата.
Судската администрација поддршка добива и од Синдикатот на УПОЗ. Гостин во „Ваш јавен сервис“ е претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски. Со него разговара Викторија Милевска.
