Синдикат-Влада

Приближување на ставовите Синдикат-Влада за зголемување на платите

05.07.2023 12:01

Синдикатите денес повторно на преговори со Влада за зголемување на платите. Денешните преговори поминале успешно. Синдикалците со поддршка на преговарачкиот процес, наредниот состанок е закажан за во понеделник и се очекува да се постигне и договор за зголемување на платата на јавните службеници...

Синдикатите денес повторно на преговори со Влада за зголемување на платите. Денешните преговори поминале успешно. Синдикалците со поддршка на преговарачкиот процес и сè се поблиску до договор за зголемување на платите во јавниот сектор.

Денешните разговори коишто се одржаа во рамки на Социоекономскиот совет во форма на работни групи во Министерството за финансии поминале успешно. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека се доближуваат со процентот што го бараат и дека веќе од септември сите треба да добијат исто зголемување во процент на нивните плати. Договорот се очекува да биде финализиран во понеделник.

Анита Димитријевска Велковска известува за емисијата „Ваш јавен сервис“