МВР
Кривична пријава против скопјанец поради сомнение за „фалсификување пари“
05.07.2023 12:12
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(29) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“...

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н.(29) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, казниво по чл. 268 ст. 1 од Кривичниот законик.
Имено, пријавениот прибавил една фалсификувана банкнота од 500 евра, која на 09.09.2022 ја употребил како вистинска, пуштајќи ја во оптек во казино на подрачјето на Кисела Вода.
