Зимска разгледница од Крушево

02.12.2013 12:01

Крушево очекува рекорден број на посетители оваа зимска сезона. Стазите за скијање веќе се подготвуваат, а туристите уште од сега ги резервираат собите. Новите содржини,  поставувањето на системот за вештачки снег како и осветлувањето на ски стазите ја зголемија атрактивноста на Крушево.

Крушево очекува рекорден број на посетители оваа зимска сезона. Стазите за скијање веќе се подготвуваат, а туристите уште од сега ги резервираат собите. Новите содржини,  поставувањето на системот за вештачки снег како и осветлувањето на ски стазите ја зголемија атрактивноста на Крушево.

„На сите туристи можам да им ветам дека ќе има доволно количини на снег за скијање и санкање, можам да им ветам акробатски скокови на сноубординг патеката, како и ноќно скијање како нова содржина што ја немавме досега“, изјави Ѓорѓи Дамчески, градоначалник на Крушево.

Поголемиот дел од местата во сместувачките кашацитети се веќе исполнети за Новогодишните и Божиќните празници, а гости се најавуваат и во текот на целиот месец јануари.

Угостителите очекуваат ваква заинтересираност преку целата сезона.

„Капацитетите за Нова година се пред 15 дена издадени, и сметаме дека цел јануари ќе биде пополнет“, вели Божо Димоски, угостител.

„За Нова година скоро сме полни, а исто е и за цел јануари“, рече Светлана Ристеска, угостител.

„Веќе имаме најави за голем број гости од странство, особено од соседните земји“, кажа Каролина Крстеска, угостител.

И од конфедерацијата на работодавачи кои беа овде едни од првите гости сезонава сметаат дека оваа инвестиција е полн погодок.

„Тоа е многу важно за развивање на зимскиот туризам, и секоја инвестиција носи капитал но и ризик, но затоа паметниот ризикува во прав во момент на вистинско место. Ние како гости тука во Крушево гледаме дека заинтересираноста за овде е голема“, истакна Миле Бошков, конфедерација на работодавачи. 

За подобрување на туристичката инфраструктура, покрај ски терените е предвидено е изградба на угостителски комплекси.

Дарко Штаргоски