Се донира низ цела Македонија - нова помош за Србија и Босна
Не само во татковината, за специјалната единица повикот за спасување животи е светост, каде и да е тоа во прашање.
Белград е првата дестинација, а потоа координирано ќе ја спроведат мисијата. Ресорната министерка која ги испрати, сигурна е дека ќе се беспоштедни во спасувањето на подрачјата зафатени со стихијата.
„За Србија заминаа 15 припадници на специјалнта единица и 7 членови на екипажот на хеликоптерската единица, исто толкав број на припадници на специјалната единица се веќе во Босна, дејствуваат на територијата на Брчко, таму испративме алпинистички и нуркачки тимови затоа што имаа таква потреба декларирано“, Гордана јанкуловска - Министер за внатрешни работи на РМ
Сонцето на македонското небо што го проследи полетувањето на елитната единица, ни ја наметна надежта дека ќе се појави и над сводот на нашите соседи. А македонецот е неуморен. Од рани зори млади страри поитале да донираат на пунктовите во кисела вода, аеродром, на плоштадот „Македонија“. Насекаде низ земјава, кој што може. Храна, млеко, вода, хигиенски прибор, облека, постелнина, пари се што им е потребно на поплавените.
„Многу е страотна сликата што ја видовме, донесовме се што можеме...Трагично, гледаме да помогнеме ако можеме...Ова е пекол што им се случува на тие луѓе, ние не можеме да ги спасиме но можеме барем да бидеме хумани.. Катастрофа, ова да не му се случи на никој...“ - велат граѓаните
Дополнително се одзиваат на повикот на социјалните мрежи.
„Најавени се околу 4 илјади луѓе да дојдат и да донираат, колку дошле, официјална бројка немаме но очекуваме да наполниме барем 2 камиони“, вели Кристијан Андов , иницијатор на групата
Првата пратка помош црвениот крст ќе ја испрати во најкус рок. Ќе следува уште една по две седмици за кога се очекува да им е најпотребна на настраданите. Собрани се милион и петстотини илјади денари и големи количини материјални средства и трендот продолжува.
Помошта која се собира се однесува на настраданото население и во Србија и во Босна и Херцеговина, што се однесува до отворените телефонски линии, најверојатно ќе оди „пола пола“ уплатата, секој оној кој ќе уплати, зависно дознаката која е наведена во уплатата, средствата ќе бидат префрлени таму каде што е наведено во дознаката“, Саит Саити, Црвен крст на РМ
Освен на пунктовите граѓаните ќе може да донираат во новоотворената продавница за понеимотни слоеви од популацијата.
Фиљана Кока
