Здравство

Дијабетичарите ќе добијат ленти до 20-ти јули

05.07.2023 13:30

Министерот за здравство конечно седна на маса со дијабетичарите. Им ветил решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат. Пациентите со дијабет бараат менување на системот за набавка на глукомери со референтни цени...

Пред најавената прес-конференција, министерот за здравство конечно седна на маса со дијабетичарите. Им ветил решавање на проблемите со кои секојдневно се соочуваат. 45 илјади пациенти веќе седум месеци ги чекаат лентите за мерење на шеќер, но, сега добиле ветувањето дека ќе бидат дистрибуирани до 20-ти јули. Претседателот на сојузот вели сите граници на толеранција се преминати.

Пациентите со дијабет бараат менување на системот за набавка на глукомери со референтни цени, како во целиот свет, и набавка и достапност на системи за континуирано мерење на гликемии за лица со тип 1. Оние кои чекаат ленти за мерење шеќер, секој месец даваа по 2 до 3 илјади денари. Дел од нив се во социјален ризик.

Загрижува и што 70 проценти од пациентите рекле дека се неинформирани за квалитетот на живот што треба да го имаат.

 

Наташа Јанчиќ Менковски