МВР

Спасовски со Отворен кабинет во СВР Тетово

05.07.2023 14:11

Во Секторот за внатрешни работи Тетово денеска беше реализиран уште еден „Отворен кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по теркот на веќе реализираните во СВР Штип, ОВР Струга и ОВР Кавадарци.

Во Секторот за внатрешни работи Тетово денеска беше реализиран уште еден „Отворен кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по теркот на веќе реализираните во СВР Штип, ОВР Струга и ОВР Кавадарци.

Министерот Спасовски утрово оствари и работна средба со раководството на овој Сектор, при што беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на СВР Тетово, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои се преземаат во насока на намалување на стапката на криминалитет во приоритетните области, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста во градот и заштита на граѓаните.

Зголемување на откривачката функција за 14% годинава имаме и во областа на недозволената трговија со оружје и распрскувачки материи, споредбено со првите шест месеци лани. Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот“, информираше министерот Спасовски, додавајќи дека СВР Тетово реализира и превентивни активности.

„Од страна на СВР Тетово во првите шест месеци во текот на 2023 година реализирани се 7 превентивно-едукативни проекти и 13 превентивни кампањи, како и над дваесетина други тековни активности од ваква природа и карактер, чиј иницијатор и носител беше Отсекот за превенција, во соработка со локалните самоуправи, а во некои од нив и со ОБСЕ. Со овие активности во најголем број беа опфатени ученици од основно и средно училишта, деца од градинки и Советодавни групи на граѓани во урбани и рурални средини“, истакна министерот Спасовски, со уверување дека вработените во СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжат со зголемена динамика при реализацијата на превентивните активности, но и на репресивните мерки, а средбите со граѓаните во рамки на проектот „Отворен Кабинет“ ќе бидат мотив повеќе за уште подобри резултати и силно продолжување на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“.