скопје

Карпошани на протест, незадоволни од урбанистичкиот план на Општината спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“

05.07.2023 14:36

Жителите на Општина Карпош се гневни и обвинуваат дека властите сакале да уништат парк за да направат нови згради. Градоначалникот Јакимовски тврди дека е лага и ги повика заедно да го разгледаат планот …

Жители на Општина Карпош на протест незадоволни од, како што рекоа, плановите на градоначалникот Јакимовски на местото на игралиштето, фонтаната и зеленилото спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ да никнат згради. Урбанистичкиот план беше една од точките на седницата на Советот. Градоначалникот Јакимовски ги повика заедно да го разгледаат планот.

Граѓаните кои присуствуваа на седницата незадоволни нервозно довикуваа.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се противат на деталниот урбанистички план.

Јакимовски тврди дека е лага дека ќе се градат нови згради на тоа место. Тој рече дека граѓаните се манипулирани од една политичка партија. Тој го претстави планот заедно со службениците од Секторот урбанизам во Општината и рече дека документот сега само се подобрува.

 

Ана Јосифоска Тодоровска