Македонија

Владата донесе одлука за спојување на двете концесии за рудникот Иловица – Штука

05.07.2023 16:48

Владата донесе одлука за спојување на двете концесии за рудникот Иловица – Штука. Ова следува откако Управниот суд ја уважи тужбата на „Еуромакс“. Активистите од иницијативата „Здрава котлина“ обвинија дека власта станала државен непријател во очите на јавноста и најавија граѓански отпор...

Владата донесе одлука за спојување на двете концесии за рудникот Иловица – Штука. Ова следува откако Управниот суд ја уважи тужбата на „Еуромакс“. Активистите од иницијативата „Здрава котлина“ обвинија дека власта станала државен непријател во очите на јавноста и најавија граѓански отпор.

Компанијата „Еуромакс“ бара без одложување да се дозволи реализација на инвестицијата, во спротивно велат, државата ќе плати штета од над милијарда евра, без камата.

Од Министерството за економија, пак, тврдат дека ресорот бил должен да постапи по судската одлука. Барањето за дозвола на експлоатација не било комплетно, а од владата велат дека нема да дадат дозвола без исполнување на највисоките стандарди.