Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

06.07.2023 08:40

Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а максималната од 23 до 34 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а максималната од 23 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.