23-катница во која живееле 92 семејства се урна во Пјонгјанг
18.05.2014 19:38
Во Пјонгјанг во вторникот се урнала 23-катница.

Иако уште била во изградба, во неа живееле 92 семејства. Има многу загинати, но не се знае точно колку. Властите дури денес ја соопштија веста заедно со кусо извинување.
„Во земја во која што приоритет треба да биде добробитта на луѓето, невозможно е и да се замисли ваква несреќа“, вели Хонг Нам Хијок, жител на Пјонгјанг
Според државната информативна агенција, причината е лош надзор на изградбата. Северна Кореја ретко објавува извештаи за несреќи, а особено ретко државни извинувања.
