Партии

СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ е криминална партија, Феникс е последна потврда за тоа

06.07.2023 09:51

На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Гемиџиите, луѓе од ДПМНЕ се богателе додека народот осиромашувал, велат од партијата...

Дека ДПМНЕ е криминална партија последна потврда е случајот Феникс. Највисоки поранешни функционери од ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014, соопштуваат од СДСМ.

Преку спомениците биле перени пари, милиони евра кои завршувале во џебови на неколкумина од Белата палата. На грбот на македонскиот народ, но и на македонските великани како Гоце Делчев, Никола Карев, Гемиџиите, луѓе од ДПМНЕ се богателе додека народот осиромашувал, велат од партијата.

Зад лажниот патриотизам на ДПМНЕ се крие криминална шема за испумпување на народните пари на криминален начин за да завршат во нивните џебови. Дури 33 нови градинки или 15 нови училишта можеле да се направат со проневерените 57 милиони евра. Но, тоа е вистинското лице на ДПМНЕ, тие не мислат ниту на народот, тие мислат само на грбот на граѓаните да се богатат- стои во соопштението.