Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација претрпе нов пораз во Софија
Нашите јуниорки добро го почнаа мечот со водство од 13:11 кое не го задржаа на истекот на првата четвртина која противникот ја доби со минимални 13:14. Македонија рамноправно се борење до пред крајот на првото полувреме...

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација претрпе нов пораз на Европското првенство (Дивизија Б) во Софија, Бугарија. Овојпат многу подобар ривал беше селекцијата на Данска која триумфираше со резултат 40:73.
Нашите јуниорки добро го почнаа мечот со водство од 13:11 кое не го задржаа на истекот на првата четвртина која противникот ја доби со минимални 13:14. Македонија рамноправно се борење до пред крајот на првото полувреме. Бевме во слична негатива (24:26), пред Данска да направи серија од пет поени, и по 20 минути од играта скандинавската репрезентација имаше солидни 24:31.
За Данска прва победа во групата „А“, додека ние ќе ја побараме на некој од наредните натпревари во оној втор дел од првенството во кој ќе се бориме за пласман од 9 до 18 позиција на табелата.
Во нашата селекција прв стрелец беше Милица Николиќ со 14 поени, три повеќе од Ана Милованова, а на спротивната страна 24 поени беа дело на Фреја Јенсен, додека 11 запиша Емили Боргес-Микаелсен.
Фото: Кошаркарска федерација на Р.С.М
