Кривичен суд
Денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“
06.07.2023 11:51
Во Кривичниот суд денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е Драги Рашковски...

Во скопскиот Кривичен суд ќе биде изречена пресудата за случајот „Софтвери“ во кој е обвинет поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Нему му се суди за незаконито спроведување на четири постапки за јавни набавки, меѓу кои систем за биометриска идентификација и софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот.
Во случајот се опфатени уште шест лица. Според обвинителството, штетата во Буџетот изнесува повеќе од 300 илјади евра.
