Фудбал
Анхел Ди Марија е нов фудбалер на Бенфика
06.07.2023 12:28
Аргентинскиот фудбалер, Анхел Ди Марија е нов фудбалер на Бенфика, објави клубот од Лисабон. Ди Марија дојде во Лисабон како слободен играч и потпиша едногодишен договор...

Аргентинскиот фудбалер, Анхел Ди Марија е нов фудбалер на Бенфика, објави клубот од Лисабон. Ди Марија дојде во Лисабон како слободен играч и потпиша едногодишен договор. Ди Марија од 2007. до 2010. година веќе го носеше дресот на Бенфика а тогаш во Лисабон стигна од Росарио за осум милиони евра.
Во текот на својот период во Бенфика, Ди Марија одигра 121 натпревар и постигна 15 голови, додавајќи 28 асистенции. Сега од Јувентус пристигнува во Бенфика, во неговата фудбалерска кариерата настапуваше уште за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен.
