Тенис

Новак Ѓоковиќ со ново достигнување на Вимблдон

06.07.2023 12:34

Најдобриот српски тенисер Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на „Вимблдон“, откако го елиминираше Американецот Џордан Томпсон.

Најдобриот српски тенисер Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на „Вимблдон“, откако го елиминираше Американецот Џордан Томпсон.

Поранешниот тенисер и повеќекратен Грен слем шампион Рожер Федерер во средата изјави дека 23-те грен титули кои ги освои Новак Ѓоковиќ се големо достигнување и дека новите трофеи кои ќе ги освои ќе испишат историја. Новак Ѓоковиќ влезе во историјата во средата кога победи во својот натпревар од второто коло на Вимблдон.

Ѓоковиќ сега победи на 41 натпревар по ред на Централниот терен на Вимблдон кои датираат од 2014 година. Во петок тој ќе се соочи со победникот од мечот на Стен Вавринка против Томаш Мартин Ечевери во третото коло.