Рама пристигна во Скопје, во тек разговори со премиерот Ковачевски
„Денешниот ден е уште една можност за отворен разговор во насока на зацврстување на соработката и добрососедските односи, особено во контекст на нашиот европски пат, што е секако значајно за просперитетот на двете земји и за граѓаните. Нашиот фокус е да градиме економски силни и безбедни држави“, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук по доаѓањето на албанскиот премиер.

Премиерот на Албанија, Еди Рама пристигна во официјална посета на Македонија во рамки на неговата балканска турнеја. На скопскиот аеродром, албанскиот премиер беше пречекан од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во земјава, Артан Груби.
„За да го продолжиме заедно нашето чекорење кон заедничкиот хоризонт на развој и европска интеграција, денес на Меѓународниот аеродром во Скопје, со најголемо задоволство го пречекав претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама“, напиша Груби на социјалните медиуми.
На платото пред Владата приреден свечен официјален пречек.
„Денешниот ден е уште една можност за отворен разговор во насока на зацврстување на соработката и добрососедските односи, особено во контекст на нашиот европски пат, што е секако значајно за просперитетот на двете земји и за граѓаните. Нашиот фокус е да градиме економски силни и безбедни држави“, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук по доаѓањето на албанскиот премиер.
Во тек е тет-а-тет средба на премиерите, по што ќе следи билатерална средба меѓу македонската и албанската делегација. Потоа, Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.
Рама во рамки на балканската турнеја ќе ги посети и Приштина, Подгорица, Сараево и Белград.
