здравје

Соја - мешункасто растение со многу хранливи вредности

06.07.2023 13:12

Сојата го спречува развојот на остеопорозата, ја зголемува густината и го зајакнува коскеното ткиво. Ги отстранува вишокот течности од телото, помага при дијабетес...

Соја, идеален извор на вредни билни белковини. Јадењето соја го намалува нивото на штетен холестерол во крвта. Сојата го спречува развојот на остеопорозата, ја зголемува густината и го зајакнува коскеното ткиво. Ги отстранува вишокот течности од телото, помага при дијабетес.

Соиното зрно содржи витамини, провитамини, калциум, магнезиум, железо, голем процент на целулоза.

Во народната медицина и денес се применува за отстранување на главоболки, како средство за прочистување, за намалување на телесна температура. Облогите од соино зрно се применувале и во лекувањето на тумор на дојка, маститис, болки во зглобовите, додека пак соиното млеко се применувало за стимулација за млеко кај доилки.

Сојата е најмногу застапена во вегетаријанската исхрана како замена на месо, месни производи, млеко и млечни производи.