инфраструктура

Професорот Марковски со свои видувања за мостот „Беласица“

06.07.2023 13:34

Потребна е детална анализа за степенот на оштетување на мостот „Беласица“. Професорот на Градежниот факултет, Горан Марковски со свои видувања за потребната методологија за утврдување на штетите...

Потребна е детална анализа на опожарениот мост Беласица, а не само снимки од дрон. Тогаш ќе знаеме дали и каква санација му е потребна на мостот-вели деканот на Градежен факултет Горан Марковски. Препорачува подолга истрага за помал ризик.

Средното поле на мостот е тешко достапно место, но имаме специјални возила кои овозможуваат да се пристапи до опожарените делови и посериозно и детално да се испита во каква состојба се, додава деканот.

Анализата на професорите од Градежен факултет вели дека при опожарувањето средното поле на мостот се кренало 3,5 см нагоре, па тешко може да се каже со сигурност дали се вратил во првобитната состојба без детално испитување и покрај тоа што имаше изјави дека нема деформации.

 

Александра Велинова