Средба Ковачевски- Рама
Ковачевски и Рама се согласиле дека евро-интегративните процеси на двете земји и важноста од недвосмислена посветеност е клучна во овие моменти на силни геополитички превирања...

Албанскиот премиер Еди Рама во официјална посета на Македонија, по покана на премиерот Димитар Ковачевски.
Во фокус на разговорите биле перспективите и придобивките од Берлинскиот процес, интеграциите во Европската Унија, како и важноста од натамошно зацврстување на билатералната соработка меѓу двете соседни земји, кои се членки на НАТО.
Ковачевски и Рама се согласиле дека евро-интегративните процеси на двете земји и важноста од недвосмислена посветеност е клучна во овие моменти на силни геополитички превирања, сè со цел земјите да станат полноправни ЕУ членки до 2030 година.
Марина Стојанова- Тонева известува од Владата
