ИН МЕМОРИАМ - Нада Димитрова

18.05.2014 19:49

Почина Нада Димитрова, поранешна новинарка на македонската радио телевизија.

Во 1964 година се вработува во радио-телевизија-скопје, каде што до пензионирањето работи како еден од првите уредници во редакцијата за сериозна музика. Реализатор е на бројни директни преноси од значајни музички настани од кои посебно се значајни концертите од фестивалот охридско лето.