Свет
Најмалку 16 лица загинаа при истекувањена на гас во Јоханесбург
06.07.2023 13:58
Тимови во текот на ноќта ја пребаруваа областа барајќи други жртви. Две лица биле пренесени во болница...

Најмалку 16 лица, меѓу кои три деца, загинаа при истекување токсичен нитратен гас што го користеле илегални рудари за обработка на злато. Тимови во текот на ноќта ја пребаруваа областа барајќи други жртви. Две лица биле пренесени во болница. Нелегалното ископување е често околу Јоханесбург во затворени и неупотребени рудници.
