Кривичен суд

По неполни две години пресуда за „Софтвери“

06.07.2023 17:53

Во скопскиот Кривичен суд, изречена пресудата за случајот „Софтвери“. Поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски осуден на 8 години затвор. За виновни прогласени и преостанатите 6-мина обвинети. Имаше и запросување во судницата...

Осум години затвор доби поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски. Кривичниот суд го прогласи за виновен за злоупотреба на службената положба и за перење пари. Виновни, според судскиот совет се и останатите шестмина опфатени во случајот „Софтвери“. Изречена им е затворска казна во траење од 24 години.

Обвинителката побара ефективен притвор за четворица од обвинетите, меѓу кои и за Даниел Станчев со образложение дека тој нема оформено семејство и сопствен имот. Станчев и одговори на начин што во судницата ја запроси својата девојка, Ирена исто така обвинета во случајот.

До правосилност на пресудата, Рашковски ќе биде во куќен притвор. Му се суди за незаконито спроведување на 4 постапки за јавни набавки, меѓу кои систем за биометриска идентификација и софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот.

 

 

Анита Димитријевска Велковска