Македонија
Миле Јанакиески спроведен во затворот „Идризово“
06.07.2023 19:50
Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, попладнево е спроведен во затворот „Идризово“...

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, попладнево е спроведен во затворот „Идризово“. Треба да издржува три и пол години затвор за случајот „Титаник“.
Јанакиески е единствениот кој доби затворска казна за овој предмет кој се однесува за изборни нерегуларности, откако Апелација делумно ја уважи неговата жалба и му ја намали казната која првично беше четири и пол години затвор.
