Напаѓачи влегоа во либискиот парламент

18.05.2014 20:13

Земјата е во хаос по соборувањето од власт на Гадафи.

Напаѓачи вооружени со ракетни фрлачи и гранати го нападнаа парламентот на Либија, успеале да влезат и да го запалат. Одговорноста ја презеде самопрогласената либиска национална армија на поранешниот генерал Хафтар, кој ја обвинува власта дека поддржува екстремистички организации. Триполи нападот го оцени како државен удар. Земјата е во хаос по соборувањето од власт на Гадафи.