Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена облачност

07.07.2023 08:43

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максималната од 24 до 34 степени...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21, а максималната од 24 до 34 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.