Влада
Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод доделување на социјални станови во Свети Николе
07.07.2023 08:49
Како што соопштуваат од владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод доделување на социјални станови на 27 семејства во Свети Николе...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со Зоран Ѓоргијев, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, ќе присуствуваат и ќе се обратат на настан по повод доделување на социјални станови на 27 семејства во Свети Николе, соопштуваат од владината прес-служба.
