Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поддршка за уставните измени

07.07.2023 09:39

Шефот на дипломатијата е оптимист дека ќе има двотретинско мнозинство за уставните измени. На ваквиот негов став, опозицијата со одговор – Бујар Османи не само што има кошмари, туку станува и опседнат, пратеници за уставни измени во ВМРО-ДПМНЕ нема...

Шефот на дипломатијата е оптимист дека ќе има двотретинско мнозинство за уставните измени. На ваквиот негов став, опозицијата со одговор – Бујар Османи не само што има кошмари, туку станува и опседнат, пратеници за уставни измени во ВМРО-ДПМНЕ нема, реагираат од партијата.

Посочија дека ДУИ и СДС биле целосно развластени, фатени во криминал до гуша, за што треба да одговараат. Ги посочија за единствени одговорни за сите криминали, корупција и хаос во кои тоне државата, а за кои нотираат и сите меѓународни организации.