Македонија останува на располагање за Србија и БиХ
Владата на ќе одговори на секој повик од Србија и Бих....

Она што е потенцирано е тоа дека владата на РМ заедно со институциите стојат на располагање и секој повик или барање, како од Србија така и од Босна и Херцеговина ќе биде одговорено, согласно ресурсите и можностите што ги има владата на РМ. НИе сме во контакт и преку центарот за управување со кризи и преку дирекцијата за заштита и спасување но и директно со кооридинаторите што се од страната на Република Србија и Босна и Херцеговина, постојано ја следиме ситуацијата и одговараме на нивните барања.
Што досега е испратено како помош во Србија и во Босна и Херцеговина?
Владата на РМ пред се, испрати лица кои се екипирани и стручни за да дејствуваат во вакви ситуации, пред се тоа се лица од МВР, министерството за одбрана и од дирекцијата за заштита и спасување, денес беше испратен транспортен хеликоптер за извлекување на лицата од поплавените средини, претходните денови беа испратени поголем број на пумпи, лекови, гумени чамци, се она што беше побарано, од страна на РМ беше доставено . Ако има нови барања истото ќе го направиме. Сакам да апелирам до компаниите и до граѓаните на РМ да доставуваат донации до Црвениот крст, да донираат преку отворените линии што ги објави АЕК.
