Политика
СДСМ: Функционери од ВМРО-ДПМНЕ се богателе со народни пари
07.07.2023 09:47
Според СДСМ највисоки поранешни функционери од ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014...

Со критики за криминал на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и владејачката партија. Според СДСМ највисоки поранешни функционери од ДПМНЕ се осомничени дека злоупотребиле 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014.
Преку нив биле перени пари, милиони евра кои завршувале во џебови на неколкумина од белата палата-велат социјалдемократите.
