ДСЗИ утврди пропуст во случајот со родилката која се обиде да си го одземе животот на Гинекологија
Со решение ќе им наложат на одговорните лица на Клиниката за гинекологија спроведување постапка за утврдување одговорност од страна на здравствените работници, кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор специјалист по психијатрија.

Од извршениот надзор во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство констатиран е пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврата за родилката која скокна од прозорец, со оглед на тоа што не се реализирани, соопштија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Со решение ќе им наложат на одговорните лица на Клиниката за гинекологија спроведување постапка за утврдување одговорност од страна на здравствените работници, кои до крај не ја спровеле постапката за обезбедување на доктор специјалист по психијатрија.
39-годишната родилка во неделата вечерта скокна од прозор, откако претходно два пати по породувањето се пожалила на вознемиреност.
Од друга страна, пак, од Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство соопштија дека кај пациентката биле присутни знаци на лесна вознемиреност и ги негираат наводите на ДСЗИ дека таа не добила медицинска нега од страна на соодветно лице.
