САД

Пентагон: Одлуката за испраќање касетна муниција за Украина и натаму се разгледува

07.07.2023 10:05

По реакциите од светот дека администрацијата на американскиот претседател Бајден, решила да испрати касетна муниција за Украина, од Пентагон тврдат дека одлуката и натаму се разгледува...

По реакциите од светот дека администрацијата на американскиот претседател Бајден, решила да испрати касетна муниција за Украина, од Пентагон тврдат дека одлуката и натаму се разгледува.

„Имаме повеќе варијанти на подобрена конвенционална муниција со двојна намена во нашите залихи, а оние, што размислуваме да ги обезбедиме нема да вклучуваат постари варијанти. Свесни сме за извештаите за нивната употреба во минатото. Со нашите партнери, единството и натаму останува многу силно, кога станува збор за поддршката на Украина и обезбедувањето на капацитетите што им се потребни за да бидат ефективни на бојното поле“, изјави генерал Патрик С. Рајдер, портпарол на Пентагон.

Касетна муниција е забранета во повеќе од 120 земји, бидејќи може неселективно да уништува на голема површина.