мвр

Претрес во Велес, приведен дилер, пронајдена дрога

07.07.2023 10:06

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, била пронајдена марихуана...

Вчера во 20.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Велес лишен е од слобода А.Г.(29) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, била пронајдена марихуана.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.