Светот се соочува со рекордно високи температури
Научниците предупредуваат дека најтоплите денови за оваа година допрва доаѓаат. Речиси на сите континенти се регистрирани топлотни бранови...

Јуни 2023-та година бил најтоплиот месец досега од почетокот на глобалното водење евиденција, соопштија од Службата за климатски промени на ЕУ, Коперник. Научниците предупредуваат дека најтоплите денови за оваа година допрва доаѓаат. Речиси на сите континенти се регистрирани топлотни бранови. Велика Британија го имаше најтоплиот јуни досега. Јужниот дел на САД во последните недели е под интензивните горештини. Во делови од Кина продолжи долгорочниот топлотен бран.
„Мислам дека ќе биде се потопло и потопло. Кога бевме деца, немаше клима. Сите го користевме електричниот вентилатор. И немаше толку многу возила. Мислам дека возилата и климата влијаат на времето. Во Пекинг има сè повеќе автомобили и сèповеќе деловни згради, а топлиот воздух што се емитува од климатизацијата може да има влијание врз климата“, изјави Хао Веиџа, жител на Кина.
Северна Африка има температури до 50 целзиусови, а на Блискиот Исток илјадници луѓе страдаат од невообичаено интензивна топлина.
