СВР Битола: За само месец ипол санкционирани дури 237 возачи на мотоцикли
Покрај тоа што не ги почитуваат правилата за безбедност во сообраќајот, загрозувачи си го сопствениот живот и животот на другите учесници во сообраќајот-битолските моторџиите не ги оставаат ниту мирно да спијат битолчани. Граѓаните се жалат на преголема бука во доцните вечерни часови. На подрачјето на СВР Битола за месец ипол санкционирани 237 возачи на мотоцикли...

Со доаѓање на летото и високите температури, се зголемува бројот на мотоцикли низ улиците. Битолчани велат, има премногу мотори, не ги почитуваат правилата во сообраќајот и прават дополнителна бучава во доцните вечерни часови, со што се нарушуваат мирот на граѓаните.
Заради овие проблеми се зголемува и обемот на работа на полицијата. На подрачјето на СВР Битола за само месеци ипол санкционирани дури 237 возачи на мотоцикли. Најголемиот дел од нив не користеле заштитна кацига, управувале без возачка дозвола, под дејство на алкохол, и со брзина поголема од предвидената.
Од СВР Битола ги советуваат возачите да ги почитуваат правилата и најавуваат засилени акциски контроли во летниот период.
Најголемиот дел од прекршителите на законот се малолетни лица, кои не поседуваат возачки дозволи.
Александра Максимовска
