САД

„Оушн Гејт“ ги прекинува сите истражувања и комерцијални операции

07.07.2023 10:16

Компанијата планираше две експедиции до урнатините на Титаник, лоцирани во оддалечениот агол на Северниот Атлантик за јуни 2024-та година...

Компанијата „Оушн Гејт“ сопственик и ракувач со подморницата „Титан“ што заврши фатално со имплозија, при што загинаа пет лица, прекинува со сите истражувања и комерцијални операции.

Компанијата планираше две експедиции до урнатините на Титаник, лоцирани во оддалечениот агол на Северниот Атлантик за јуни 2024-та година. И натаму е во тек истрагата за причините за имплозијата.