Mашинските и електро инжeнерите се иднината на Македонија
ИT, машински и електро инжeнери ,ова се професиите кои најмногу ги бараат компаниите, и домашните и странските кои отворија фабрики во земјава.

Тие постојано го скенираат пазарот на труд, дел од нив велат дека во Македонија е тешко да се најде добро поткован технички кадар.
Ова придонесе интересот за техничките науки од година во година да се зголемува според деканот на факултетот за информациска технологија Димитар Трајанов причина за ова е што овие професии се многу платени и се барани и во светски рамки.
Нивниот избор за да отворат свои развојни центри во Македонија е дека соодносот на квалитетот и цената на работната сила е одличен и многу конкурентен во светски рамки . Со високо квалитетни образовани кадри полека се менува портфолиото на странските инвеститори кои влегуваат во Македонија, забрзаниот економски раст и високо образовниот стручен кадар беа пресудни за најголемиот британски производител софтвер "Ендава" да инвестира во земјава со 450 вработувања ќе се раздвижи секторот за информатичка технологија, на пазарот на трудот ќе се отворат голем број работни места за кадрите од информатичките науки - велат надлежните.
Ако во 2011-та во слободните економски зони работеа 500 таа бројка се искачи на 1300 луѓе .. бројката се очекува до 10.000.
