Грција
Пожар го зафати грчкиот остров Евија
07.07.2023 11:29
Шумски пожар го зафати грчкиот остров Евија недалеку од селото Милаки, во општина Кими-Аливери, на околу 70 километри од Атина...

Шумски пожар го зафати грчкиот остров Евија недалеку од селото Милаки, во општина Кими-Аливери, на околу 70 километри од Атина. Во справување со пламените јазици учествува авион, 82 пожарникари и 24 противпожарни возила.
Соопштено е дека во рамки на полициската акција е уапсен постар маж, одговорен за невнимание и предизвикување пожар во шумски предел.
