Фудбал

Промоција на Работнички, Вардар без билет за Европа

18.05.2014 20:51

Со одигрувањето на 33-то коло заврши фудбалското првенство на Македонија.

Работнички во Турново загуби од Хоризонт со 1:0, но на  „Романтичарите“ им беше врачен шампионскиот пехар. Голем добитник во последното коло е Шкендија, која по победата над Пелистер со 4:0 обезбеди излез во Европа. Најголемиот губитник е Вардар! Не само што не ја одбрани ланската титула, туку по нерешените 0:0 во Штип против Брегалница, остана и без можност за настап на меѓународната сцена. Работнички во Лигата на шампионите и Хоризонт, Металург и Шкендија во Лигата на Европа ќе бидат македонските репрезенти во следниот циклус од европските купови. Првата лига ја напуштаат Еуромилк, Македонија ЃП, Напредок и Гостивар.

33-то, последно коло:Резултати:

Брегалница-Вардар 0:0

Еуромилк-Гостивар  1:1

МакедонијаЃП-Металург 1:3

Напредок-Ренова 0:0

Шкендија-Пелистер 4:0

Хоризонт-Работнички 1:0

 

Табела:

 

1. Работнички        62

2. Хоризонт            60

3. Металург            59

4. Шкендија            57

5. Вардар                 56

6. Пелистер             52

7. Брегалница         44

8. Ренова                 44

9. Еуромилк            39

10. Македонија ЃП 32

11. Напредок           18

12. Гостивар            15