здравје

Комбинација од магдонос и сок од лимон за детоксикација на бубрезите

07.07.2023 12:43

Овој пијалак ќе го подобри варењето и ќе ги детоксицира бубрезите...

Комбинирајќи малку магдонос со сок од лимон, се добива прекрасна мешавина за детоксикација на бубрезите. Овој пијалак содржи многу витамини што ќе ви даде енергија и ќе ви помогне доколку страдате од анемија. За овој пијалак потребни се 5-6 сварени гранчиња од магдонос и сок од лимон. Може да се пие трипати на ден еднаш до двапати неделно. Овој пијалак ќе го подобри варењето и ќе ги детоксицира бубрезите.

Магдоносот е многу моќен антиоксиданс што може да помогне во обновување на клетките и да ја олесни работата на бубрезите. Богат е со минерали кои ги одржуваат бубрезите здрави со елиминирање на токсините и мастите акумулирани во нив и е одличен диуретик, што му помага на телото природно да ги елиминира вишокот наталожени течности.

Сокот од лимон е богат со витамини Ц и Б кои се многу важни за зајакнување и грижа за крвните садови во бубрезите, спречување на висок крвен притисок и, се разбира, чистење на телото. Лимоните имаат мала содржина на натриум, но се полни со калиум, што е идеално за бубрезите. Многу лекари препорачуваат да се замени солта со сок од лимон.