Свет

Научниците предупредуваат за топлото време на речиси сите континети

07.07.2023 14:46

Научниците предупредуваат дека најтоплите денови за оваа година допрва доаѓаат. Екстремно високи температури на речиси сите континенти...

Научниците предупредуваат дека најтоплите денови за оваа година допрва доаѓаат. Екстремно високи температури на речиси сите континенти. Велика Британија го имаше најтоплиот јуни досега. Слично и на јужниот дел на САД. Во делови од кина продолжи долгорочниот топлотен бран.

„Мислам дека ќе биде се потопло и потопло. Кога бевме деца, немаше клима. Сите го користевме електричниот вентилатор. И немаше толку многу возила. Мислам дека возилата и климата влијаат на времето. Во Пекинг има се повеќе автомобили и се повеќе деловни згради, а топлиот воздух што се емитува од климатизацијата може да има влијание врз климата“, изјави Хао Веиџа-жител на Кина.

На блискиот исток илјадници луѓе страдаат од невообичаено интензивна топлина. Во главниот град на Ирак температурите достигнаа повеќе од 45 степени целзиусови.

„Температурите се високи, нема струја и не можеме да си дозволиме да одиме на базен. Принуден сум да ги прскам моите браќа со вода овде, чекајќи да се врати струјата“, рече локален жител.

„Температурите се многу високи, особено во Багдад, сите домашни миленици се увезени од европските земји, не можат да го издржат нашето време“, додаде продавач на домашни миленици.

„Многу страдаме од високите температури, бидејќи генераторите не можат да се справат со тоа. Има чести прекини на струја“, изјави оператор на генератор.

Локалните жители во Каиро се ладат во реката Нил или под сенка на улиците на градот.

На глобално ниво, просечната температура на земјата остана на неофицијално рекордно ниво, што е најновата мрачна пресвртница во една недела во која се забележани низа екстреми предизвикани од климатските промени. Научниците со месеци предупредуваат од рекордна топлина годинава, главно предизвикано од согорувањето на фосилни горива како јаглен, природен гас и нафта.

 

Марина Ристова