Деветти пехар за Вардар во Купот

18.05.2014 20:53

Точно десет дена по мечот којшто донесе промена на престолот во македонскиот клупски ракомет, Вардар пронајде утеха за загубената шампионска титула и му се одмазди на Металург освојувајќи го трофејот во купот.

Новата пресметка на нашите најдобри екипи не беше ниту во „Автокоманда“, ниту во “Кале“, ниту пак во „Борис Трајковски“ во Скопје. Охридската сала „Билјанини Извори“ овој пат беше мегданот на којшто ги вкрстија копјата четвртфиналистите во европската Лига на шампионите, но сега во двобој за пехарот во националниот куп.

Црвено-црните триумфираа со 30-28. На само пет минути до крајот изгледаше дека Вардар ќе стигне до целта бидејќи имаше водство од четири гола, но тогаш Металург  направија 4-0 за само три минути и изедначи на 27-27. Сепак, ракометарите на Вардар  постигнаа три гола и примија само еден, за победа на крајот.

Решителноста на лицата „вардарци“ се забележа уште во првото полувреме, кога Ваквиот расплет Вардар го најави со серија од 6-0 за водство од  8-4 во првиот дел. На крилјата на расположениот Дујшебаев и на мотивираниот Ангелов на голот, ја сочува предноста и на одмор замина со 14-11. Металург сепак не се даваше лесно и по десет  минути игра во продолжението изедначи на 20-20.

Напнатоста стануваше се поголема, нервозно беше и на теренот и на клупите, а како и на решавачкиот меч за шампионската титула, меѓу стативите на новиот првак одново блескаше Митревски. Сепак, меѓу црвено-црните владееше Брумен со три гола во оваа клучна фаза. Словенецот го заврши дуелот со седум гола, само еден помалку од најефикасниот Дибиров. Најпрецизен кај Металург беше Вугринец, со седум погодоци.

Вардар го залсужи деветтиот куп- пехар. Металурзите останаа на пет трофеи во оваа конкуренција и не успеаја да освојат двојна круна. Во наредните неколку дена им претстои и теоретската потврда на шампионската титула.