Италија

Штрајк на вработените во јавниот транспорт во Италија

07.07.2023 14:51

Вработените во јавниот транспорт почнаа национален штрајк во Италија. Опфатени се подземните и трамвајските мрежи, возовите и автобусите.

Вработените во јавниот транспорт почнаа национален штрајк во Италија. Опфатени се подземните и трамвајските мрежи, возовите и автобусите.

Синдикатите бараат подобри плати и побезбедни услови за работа на вработените во јавниот превоз. Синдикатите соопштија дека основните услуги се гарантирани само за време на шпицот во петок.