Фудбалско Првенство на Македонија

Шкендија во ЛЕ, Вардар без Европа!

18.05.2014 20:58

Покрај Работнички во Лигата на шампионите и покрај Турново и Металург во Лига европа, Шкендија е последната македонска фудбалска екипа којашто претстојново лето ќе игра на меѓународната сцена.

Нема евронастапи за Вардар, откако тетовци ја завршија на четвртото место прволигашката сезона и се пласираа во квалификациите од Лига Европа по триумфот од 4-0 над Пелистер во последното 33.коло од домашното првенство. Досега четвртопласираниот Вардар не успеа да победи во Штип и одигра само 0-0 со Брегалница.

Расплетот во борбата за титулата и за опстанокот беше познат уште претходно, па повеќето дуели од завршната првенствена рунда имаа формален карактер. Во понизок ранг се селат Еуромилк, Македонија ЃП, Напредок и Гостивар, а нови членови на елитата којашто в година ќе брои десет екипи ќе бидат прволигашките повратници Тетекс и Силекс.

 

Прва МФЛ, 33.коло

Брегалница – Вардар 0-0

Шкендија – Пелистер 4-0

Турново – Работнички 1-0

Македонија ЃП – Металург 1-3

Напредок – Ренова 0-0

Еуромилк – Гостивар 1-1

 

Конечна табела

1. Работнички 62

2. Турново 60

3. Металург 59

4. Шкендија 57

5. Вардар 56

6. Пелистер 52

7. Брегалница 44

8. Ренова 44

9. Еуромилк

10. Македонија ЃП 32

11. Напредок 18

12 Гостивар 15