Италија

Шест загинати во пожар во дом за стари лица во Милано

07.07.2023 18:47

Шест лица загинаа, а десетици се повредени во пожар што синоќа избувна во дом за стари лица во Милано, соопштија пожарникарите...

Шест лица загинаа, а десетици се повредени во пожар што синоќа избувна во дом за стари лица во Милано, соопштија пожарникарите.

„Шест лица се мртви, а многу луѓе отруени од издувни гасови се хоспитализирани. Пожарникарите спасија десетици корисници на домот“, објавија пожарникарите од Милано.

Според нивните изјави, сè уште не е позната причината за пожарот кој избувна околу 2 часот во домот за стари лица во центарот на Милано.

Според италијанските новински агенции, 81 лице е повредено, од кои двајца се во тешка состојба, а 170 се евакуирани. Меѓу шесте жртви има пет жени на возраст од 69 до 87 години и еден 73-годишен маж.