Се судрија два автобуси во Њујорк
Во Њујорк вчеравечер се судрија двокатен автобус и туристички автобус, при што 18 лица се пренесени во болници. Од полицијата велат дека повеќе од 60 патници побарале да бидат прегледани од лекар кој бил на местото на настанот...

Во Њујорк вчеравечер се судрија двокатен автобус и туристички автобус, при што 18 лица се пренесени во болници. Од полицијата велат дека повеќе од 60 патници побарале да бидат прегледани од лекар кој бил на местото на настанот.
Вработените во Брзата помош рекоа дека се работи за тешка несреќа и дека е незгодно да им се пружи помош на лицата кои се наоѓале во двокатниот автобус.
Според официјалните извештаи, неколку повредени се со расекотини, набиеници, со скршеници и повреди на главата и вратот, но, како што наведоа, никој нема повреди опасни по живот.
