Намален бројот на илегалните преминувања на границите
Намален бројот на илегалните преминувања на државната граница и бројот на криумчарење мигранти во првите шест месеци споредбено со истиот период лани. МВР соопшти дека најмногу незаконски преминувања има преку границата со Грција а доминираат мигрантите од Сирија …

Илегалните преминувања на македонско - грчката граница и понатаму продолжуваат но не во тој обем како минатата година. МВР соопшти дека за првите шест месеци е забележан тренд на намалување за 44 отсто обидите за илегални преминување на државните граници во однос на истиот период од лани.
Во периодот од 1-ви јануари до 25-ти јуни на државните граници спречени се 5.018 обиди од кој најголем дел се на границата со Грција 4.430.
Во вкупната бројка на спречени обиди на лица кои илегално влегле во државата или пак ја користат за транзит доминираат лицата од Сирија и Мароко. Во евиденцијата на МВР регистрирани се и обиди за илегално преминување и на државјани од Конго Пакистан и Авганистан.
Од 20-ти април годинава на македонско грчката граница започна и заедничката операција со Европската Агенција Фронтекс, со која се обезбедува заеднички пристап во справување со предизвиците на илегални активности долж границата со Грција.
За првите шест месеци МВР регистрирала и 36 случаи на криумчарење мигранти. Против 28 лица се поднесени кривични пријави за криумчарење но и за помагање и соизвршување на кривичното дело. Освен од земјава за криумчарење биле вклучени 4 српски, турски и авганистански државјани. Тие биле фатени по македонските патишта при што се обиделе да пренесат 286 мигранти.
Како што соопштуваат од МВР откриените случаи на криумчарење мигранти се намалени за 16,3 отсто во однос на првите 6 месеци од минатата година.
Ване Трајков
