Кражби на пазарот во Прилеп во ноќните часови
За купувачите скапо, за продавачите евтино. На пазарите секој со свој есап. Кај сезонското овошје има намалување. Прилепскиот пазар е еден од најголемите во регионот со над четири илјади тезги. По поплаките од закупците за кражби, воведено е обезбедување и поставени се повеќе камери...

За купувачите скапо, за продавачите евтино. Цените на Зелениот пазар ги плашат сите. Има одредени намалувања на сезонското овошје, но цената на доматите варира. Се намалува домашното производство, има извоз, а неизвесноста останува, велат производителите и продавачите. Купувачите се помирени – мора да се јаде.
Еден од најголемите пазари во регионот на 5.000 метри квадратни со преку 4.000 тезгиња има обезбедување од кражби во ноќните часови. Дел продавачи реагираа дека им се крадат производите. Обезбедувањето, кое има договор со Јавното претпријатие, уверува дека максимално се ангажирани, иако не сите го плаќаат надоместот. Бројот на камери е зголемен.
Преку цените, Зелениот пазар летово го отсликува секојдневното живеење на граѓаните.
Елизабета Митреска
